Сето она што не е од домашно производство, а е користено во облекувањето односно во украсувањето (на пример машка капа, разни монистра, метален накит и друго) го набавувале од околните поголеми градови. За разлика од секојдневното, празничното одело, особено кај младите невести девојки и младите жени се дополнува и обогатува со накит исплетен од монистра и метал. Општина Свети Николе отсекогаш имала богата културна, особено фолклорна традиција. Народната песна и игра биле средство преку кои жителите на овој регион ги искажувале својата радост и болка, својата гордост, но и протест против се она претставувало закана за нивниот ентитети идентитет. Богатата овчеполска фолклорна традиција истовремено претставува еден од фундаментите на богатото македонско народно творештво, кое со своите автентични вредности има светско значење.